Мапа на страната:

ЗА НАС

АД ЈАКА80 – РАДОВИШ – СКОПЈЕ е современа фармацевтска, козметичка и диететска куќа, која е формирана 1980 година во градот Радовиш, Р. Македонија.
 
 
Со трансформација на општествениот капитал во 1996 година Јака 80 станува акционерско друштво. Со компанијата управува Одбор на директори, составен од извршен член – генерален директор, неизвршен и претседател.
 
Во нашата компанија во моментов работат 106 вработени, од кои поголем процент се со високо-образовен стручен профил од областа на фармација, хемија, медицина, економија, информатичка технологија и др.
 
 
Производите на компанијата се пласирани како на домашен така и на странските пазари. Структурата на продажбата во овој момент ја чинат 60% домашен пазар и 40% извоз, каде извозот е во постојан пораст. Во моментов компанијата е присутна на пазарите во: Србија, Косово и БИХ.
 
 

Политика на квалитет на Друштвото ЈАКА 80 А.Д. Скопјe Политика на квалитет.pdf