Мапа на страната:

Тест за бременост (стик)

Категорија на производи: МЕДИЦИНСКИ ПОМАГАЛА

Тестот за бременост е тест за рано откривање на hCG (Хуман Хорионски Гонадотропин) во урина. Обезбедува визуелен, квалитативен резултат за рано дијагностицирање на бременост во домашни услови.
hCG (Хуман Хорионски Гонадотропин) е хормон кој се излачува од плацентата веднаш после оплодување на јајце клетката (забременување). Со тестот може да се докаже присуството и на ниски концентрации наhCG ( од 25 mlU/ml).

ДЕЈСТВИЕ Тестови за бременост
1. Одстранете ја заштитната фолија од тестот.
2. Извадете го капачето.
3. Држете го тестот за дршката, со врвот за тестирање свртен вертикално надолу и потопете го во млаз урина што тече за време на мокрење или потопете го во урина што претходно сте ја собрале во чист и сув сад барем 10 секунди за потполно да се навалжни. Забелешка: Немојте да ги навалжните тест (Т) и контролниот (К) прозорец.
4. Извадете го врвот за тестирање од уринате, покријте го со капачето, поставете го на рамна површина со тест (Т) прозорецот и контролниот (К) прозорец завртени нагоре и почнете да го мерите времето.
3. Зависно од концентрацијата на hCG, позитивен резултат може да се покаже за помалку од 1 минута. За да се потврди негативен резултат, почекајте 5 минути. Не ги читајте резултатите после 10 минути.
Тестирањето може да се направи уште првиот ден по изостанувањето на менструалното крварење. Тестот може да се изведува во секое време од денот, но првата утринска урина содржи највисока концентрација на hCG. Пред тестирањето немојте да пиете премногу течности затоа што се разредува урината, така што може да не ја содржи репрезентативната концентрација на hCG.

Позитивен: Видливо црвено обоени линии се појавуваат во контролниот и тест прозорецот (контролна-К и тест-Т линија). Појавата на двете линии значи дека најверојатно сте бремени. Интензитетот на бојата на тест линијата може да варира затоа што различни фази на бременост покажуваат различни концентрации на hCG.

Негативен: Само една црвена линија се појавува во контролниот прозорец (К). Во тест прозорецот (Т) не се појавува линија. Тоа значи дека не сте бремени.

Невалиден: Воопшто не се појавува црвено обоена линија во контролниот прозорец (К) или се јавува една линија само во тест прозорецот (Т). Тестот не е изведен правилно и мора да се повтори со нов тест стик.

 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ