Мапа на страната:

Тест за бременост (касета)

Категорија на производи: МЕДИЦИНСКИ ПОМАГАЛА

Тест за откривање на hCG (Хуман Хорионски Гонадотропин) во урина. Обезбедува визуелен, квалитативен резултат за рано дијагностицирање на бременост во домашни услови.
hCG (Хуман Хорионски Гонадотропин) е хормон кој се излачува од плацентата веднаш после оплодување на јајце клетката (забременување). Со тестот може да се докаже присуството и на ниски концентрации на hCG ( од 25 mlU/ml).

ДЕЈСТВИЕ Тестови за бременост

1. Соберете урина во чист, сув пластичен или стаклен сад.
2. Одстранете ја заштитната фолија од тестот.
3. Држејќи ја капалката вертикално, додајте точно три капки од уринате во отворот (S).
4. Зависно од концентрацијата на hCG, позитивен резултат може да се покаже за помалку од 1 минута. За да се потврди негативен резултат, почекајте 5 минути. Не ги читајте резултатите после 10 минути.

Тестот може да го направите уште првиот ден по уште  изостанувањето на менструалното крварење. Тестот може да се изведува во секое време од денот, но првата утринска урина содржи највисока концентрација на hCG. Пред тестирањето немојте да пиете премногу течности затоа што се разредува урината, така што може да не ја содржи репрезентативната концентрација на hCG.

Позитивен: Две видливо обоени црвени линии се појавуваат во прозорецот  (контролна -C и тест -Т линија). Појавата на двете линии значи дека најверојатно сте бремени. Интензитетот на бојата на тест линијата(Т) може да варира затоа што различни фази на бременост покажуваат различни концентрации на hCG.

Негативен: Само една црвено обоена линија се појавува во прозорецот, во контролниот регион (C-линија).  Тоа значи дека не сте бремени.

Невалиден: Воопшто не се појавува црвено обоена линија во прозорецот или се јавува една линија  во тест регионот (Т). Тестот не е изведен правилно и мора да се повтори со нов тест.

 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ