Мапа на страната:

ПРИМУЛА / PRIMULA

Категорија на производи: ХЕРБАЛНИ

Сирупот содржи активни материи од растително потекло. Нивното взаемно дејство го олеснува искашлувањето и дишењето.

ДЕЈСТВИЕ За настинка
Сирупот содржи активни материи од растително потекло. Нивното взаемно дејство го олеснува искашлувањето и дишењето. Сапонините кои ги содржи екстрактот од јаглика го разводнуваат густиот, жилав секрет  и го олеснуваат искашлувањето. Тимолот од тинктурата од тимијан и ментолот имаат благо антисептичко дејство, го спречуваат стеснувањето на дишните патишта, со што ја ублажуваат кашлицата и го олеснуваат дишењето.

Сирупот од јаглика традиционално се употребува за олеснување на искашлувањето при состојби на надразнување и воспаленија на дишните патишта проследени со продуктивна кашлица.

Деца 4-12 години:
3 пати на ден по 2 кафени лажици.

Деца од 12 години и возрасни:  
3 пати на ден по 2 супени лажици.

За деца до 4 години консултација со педијатар.

Пред употреба да се протресе.

 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ