Мапа на страната:

МАЛТЕКС сируп / MALTEKS sirup

Категорија на производи: ХЕРБАЛНИ

МАЛТЕКС ®  сирупот се употребува за олеснување на искашлувањето, ублажување на инфекцијата на дишните патишта и ги дополнува дневните енергетски потреби на организмот.

ДЕЈСТВИЕ За настинка
МАЛТЕКС ®  сирупот се употребува за олеснување на искашлувањето, ублажување на инфекцијата на дишните патишта и ги дополнува дневните енергетски потреби на организмот.

Сирупот содржи екстракт од јачменов слад, богат со провитамин А, витамини од групата Б, витамин Е, минерали (натриум, калиум, фосфор, калциум, магнезиум, железо) и шеќери (гликоза, фруктоза, малтоза). Сите овие компоненти придонесуваат за зајакнување на имунитетот и дополнување на дневните енергетски потреби на организмот при состојби на исцрпеност и замор предизвикани од разни заболувања.

Екстрактот од јачменов слад, во комбинација со екстрактот од бел слез, го олеснува исфрлањето на секретот од респираторниот систем, додека тимолот од тинктурата од тимијан, со своето дејство, ја ублажува инфекцијата на дишните патишта.

Возрасни и деца постари од 6 години:
3 пати на ден по 2 кафени лажичиња

Деца од 2 до 6 години:

3 пати на ден по 1 кафено лажиче

Деца до 2 години:

3 пати на ден по половина кафено лажиче
Пред употреба да се протресе

 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ