Мапа на страната:

АПИ сируп / API sirup

Категорија на производи: ХЕРБАЛНИ

АПИ® сирупот се употребува за смирување на кашлицата и намалување на грчевите на мазната мускулатура на дишните патишта.

ДЕЈСТВИЕ За настинка
АПИ® сирупот се употребува за смирување на кашлицата и намалување на грчевите на мазната мускулатура на дишните патишта. При постоење на бактериски инфекции, го олеснува исфрлањето на зголемениот секрет од респираторниот систем.
Медот е антиоксидант кој содржи јаглени хидрати, есенцијални масни киселини, витамини, минерали и флавоноиди.
Прополисот, како и медот,  се природни пчелини продукти. Тие содржат флавоноиди, восоци, етерични масла и други супстанци. Состојките на прополисот делуваат на разни агенси кои предизвикуваат воспаленија на грлото и на дишните патишта.
Белиот слез и тимјанот ја ублажуваат кашлицата и ја заштитуваат слузницата на горните дишни патишта.
Сите овие компоненти придонесуваат во зголемување на имунитетот, дополнување на дневните енергетски потреби на организмот и подобрување на исцрпеност и замор предизвикани од кашлицата.
на одредени заболувања.

Возрасни и деца постари од 6 години:
3 пати на ден по 2 кафени лажичиња

Деца од 2 до 6 години:
3 пати на ден по 1 кафено лажиче

Деца до 2 години:
3 пати на ден по половина кафено лажиче

Пред употреба да се протресе.

 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ