Мапа на страната:

ВАЛЕТЕ / VALETE

Категорија на производи: ДИЕТЕТСКИ
ВАЛЕТЕ капсулите се посебно формулиран производ кој содржи цела низа супстанци со голема биолошка вредност за исхраната на косата и ноктите.

ДЕЈСТВИЕ Додаток во исхрана

Тие ги снабдуваат косата и ноктите со супстанци кои се неопходни за нивно оптимално растење, развој и обновување. Тие дејствуваат во оној слој од кожата, каде се формира коренот на косата и го стимулираат нејзиниот развој. ВАЛЕТЕ капсулите позитивно дејствуваат на површинската структура на косата, ја смалува нејзината кршливост и ја прави поотпорна.

Секоја од компонентите вградени во овој производ има специфично дејство. ВАЛЕТЕ капсулите содржат есенцијални аминокиселини богати со сулфур (метионин и цистин), витамини од групата Б, кои се важни за метаболизмот на косата и ноктите, како и железо, цинк и бакар во хелирана форма (олигоелементи  кои често се дефицитарни во секојдневната исхрана). Квасецот и екстрактот од пченични ´ркулци ја дополнуваат содржината на овој специфичен и вреден препарат. ВАЛЕТЕ капсулите помагаат и при рапавост, кршливост, меки нокти, појава на бели пеги и пореметен раст на ноктите.

ВАЛЕТЕ капсулите придонесуваат и за подобар изглед на кожата.

Валете капсулите се препорачуваат кај следните состојби:
- опаѓање на косата заради недостаток на супстанци со голема биолошка вредност во исхраната (аминокиселини, минерали, олигоелементи, витамини);
- состојби на исцрпеност и емотивна напнатост (возбуда, стрес) кои предизвикуваат слабеење и опаѓање на косата;
- неинфективно предизвикани аномалии во изгледот и пореметен раст на ноктите (рапавост, кршливост, мекост и бела пегавост).   

Возрасни 3 пати на ден по една капсула.
Деца над 12 години примаат доза за возрасни.
За нега на кожата доволно е да се земат 1-2 капсули дневно.
Капсулите се земаат пред или за време на оброк.

Се препорачува  ВАЛЕТЕ капсулите да се земаат во времетраење од 2-3 месеци. Веќе после едномесечна употреба, во голем број случаи се забележува престанок на нефизиолошкото губење на косата, а после 2-3 месеци доаѓа до изразено подобрување на нејзината структура. Косата добива поубав изглед, сјај и обоеност. Аномалиите на ноктите најчесто исчезнуваат после едномесечна употреба.
 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ