Мапа на страната:

ТОКОФЕРОЛ / TOKOFEROL

Категорија на производи: ДИЕТЕТСКИ
Токоферолот (Витаминот Е) припаѓа на групата липосолубилни витамини.
ДЕЈСТВИЕ Додаток во исхрана

Витаминот Е припаѓа на групата липосолубилни витамини. Делува како антиоксиданс, заштитувајќи ги незаситените масни киселини и други супстанци од оксидација. На тој начин ги штити клетките од штетното дејство на слободните радикали и ја одржува нивната функција.
Витамин Е ги штити крвните садови, а со тоа го намалува ризикот од појава на атеросклероза и коронарна срцева болест.
Витамин Е има позитивно дејство врз целиот организам: влијае поволно на жлездите со внатрешно лачење, особено на функцијата на половите жлезди (“витамин на плодност”). Ја забрзува циркулацијата на крвта и ја подобрува работата на мускулите. Го чува организмот од прерано стареење, ја одржува еластичноста на телото, ја зголемува виталноста и ја поттикнува активноста на организмот.
Витаминот Е обложените таблети се наменет за:
- надополнување на дневните потреби  со витамин Е,
- надополнување  на недостатокот од овој витамин во исхраната,
- лица со акутни и хронични болести и реконвалесценти,
- зголемување на отпорноста на организмот кон штетни агенси (кај алкохоличари, пушачи),
- зголемување на кондицијата кај лица изложени на тежок физички  и умствен напор,
- жени во репродуктивен и климактеричен период,
- постари лица.
Деца и возрасни: 1 обложена таблета дневно
 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ