Мапа на страната:

AМИНАЛОН / AMINALON

Категорија на производи: ДИЕТЕТСКИ
Гама-аминобутерната киселина е супстанца која учествува во метаболичките процеси во мозокот, поточно придонесува за отстранување на токсичните продукти добиени од распаѓање на протеините.

ДЕЈСТВИЕ Додаток во исхрана

Аминалон, кој во својот состав содржи гама-аминобутерна киселина, помага да се нормализира динамиката на процесите во мозокот, ја зголемува продуктивноста на мисловниот процес, ја подобрува меморијата (помнењето), врши благо психостимулативно дејство, а исто така влијае поволно врз воспоставувањето на моториката и говорната моќ по настанати пореметувања во мозочната циркулација. Аминалонý ги намалува вестибуларните пречки и се препорачува кај лица кои имаат потешкотии при патување.
Аминалон филм-обложените таблети добро ги поднесуваат различни возрасни групи и се земаат пред јадење.
Возрасните земаат по 2-5 филм-обложени таблети три пати на ден.
Деца од 3 години земаат по 1-3 филм-обложени таблети три пати на ден.
Деца од 4-6 години земаат по 3-4 филм-обложени таблети три пати на ден.
Деца постари од 7 години земаат по 4 филм-обложени таблети три пати на ден.
Вообичаено, се земаат од 2-3 недели до 2-6 месеци. По потреба, земањето може да се повтори.

Кај потешкотии при патување, возрасните земаат по 2 филм-обложени таблети, а на деца им се дава по 1 филм-обложена таблета три пати на ден во тек на 3-4 дена. Може да се дава во истите дози 3 дена  и пред почетокот на патувањето.


 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ