Мапа на страната:

ФОЛНА КИСЕЛИНА / FOLNA KISELINA

Категорија на производи: ДИЕТЕТСКИ
Фолна киселина е неопходен витамин од групата Б за создавање и одржување на нови клетки.

ДЕЈСТВИЕ Додаток во исхрана
Тоа е особено важно во периодот на брзо делење, раст и метаболизам во периодот на бременост и  во тек на доење кога е зголемена потребата, меѓутоа постои и ризик од недостаток на фолна киселина. За правилно формирање, раст и развој на ембрионот уште во најрана фаза, потребно е да се внесува доволна количина на фолна киселина, бидејќи залихите со овој витамин се мали во однос на зголемените потреби во текот на бременоста. Тоа е од посебна важност во периодот кога жената и не знае дека е бремена.
Затоа  од најголемо значење е суплементација во исхраната на жени кои планираат да забременат со фолна киселина со цел на превенција на пореметувања во затварањето на неуралната туба на фетусот и појава на спина бифида кај доенчиња.
Помеѓу 17. и 30. ден по зачнувањето (или 4 до 6 недела од последната менструација) се создава неуралната туба на ембрионот и потоа се затвара. Од неуралната туба настанува рбетниот мозок, мозокот, рбетот и коските на глава на фетусот.
Суплементација со исхраната на фолна киселина во период на бременост може да го смали ризикот од пореметување во затварање на неуралната туба на плодот за 50-70%.

Една таблета дневно


 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ