Мапа на страната:

ПЕНТОВИТ / PENTOVIT

Категорија на производи: ДИЕТЕТСКИ
Витамините од групата Б, каде спаѓаат и никотинамидот, пара-амино бензоевата киселина и фолната киселина, се важни во многу метаболички процеси во организмот, вклучувајќи ги метаболизмот на мастите, јаглените хидрати и протеините.

ДЕЈСТВИЕ Додаток во исхрана
Наменети се за надополнување на внесот на витамините од групата  Б во организмот и тоа при неадекватна исхрана, губење апетит, состојби проследени со покачена температура при инфекции каде е вклучена антибиотска терапија, бременост и доење. ПЕНТОВИТ® се користи при зголемен физички напор, потешкотии во ресорпцијата на витамините кај разни заболувања на гастроинтестиналниот систем (повраќање, дијареа), алкохолизам. ПЕНТОВИТ® се дава при земање на хемотерапевтици, заболување на црниот дроб, бери-бери, невралгии и дерматолошки промени.
Фолната киселина игра особено важна улога во спречувањето на појавата на Употребата на ПЕНТОВИТ® обложени таблети обезбедува доволно количество на фолна киселина дневно (400 μг) за намалување на ризикот од овие дефекти.

Еднаш на ден по една обложена таблета


 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ