Мапа на страната:

OЛИГОЈАК- Се / OLIGOJAK-Ce

Категорија на производи: ДИЕТЕТСКИ
Биолошката улога на селенот и витамините А, Ц и Е се состои од регулација на оксидо-редуктивни процеси во организмот, односно одбрана од последиците од оксидативните процеси, во кои спаѓа и стареењето.

ДЕЈСТВИЕ Додаток во исхрана


Селенот е есенцијален олигоелемент неопходен за нормално функционирање на организмот. Тој е неопходен за правилна работа на ензимскиот систем, ги штити црвените крвни клетки и клеточната мембрана. Селенот е значаен микро елемент за функционирање на одбрамбениот систем и штитната жлезда. Количините на селен кои се внесуваат во организмот со секојдневната исхрана често пати се недоволни и затоа се јавува потреба од дополнување на истите. Недостатокот на селен во исхраната може да доведе до пореметувања во крвотокот  или намалување на општата отпорност на организмот.
ОЛИГОЈАК - Се  комплексот е наменет за употреба при стрес, изложеност на токсични и други штетни агенси (дејство на тешки метали, штетни зрачења, смог, пушење, прекумерно конзумирање на алкохол).

Селенот од овој комплекс има позитивен ефект врз кардиоваскуларните, респираторните и хепаталните пореметувања и пречките во видот, а ја подобрува и општата отпорност на организмот.
Позитивно влијае на потенцијата, плодноста и бременоста. Тој го намалува и ризикот од појава на малигни заболувања.

Една капсула дневно

 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ