Мапа на страната:

ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ + КОПРИВА

Категорија на производи: ДИЕТЕТСКИ
Јаболковиот оцет е познат во народната медицина по неговите лековити својства.

ДЕЈСТВИЕ Додаток во исхрана


Содржи голем број минерали и елементи во трагови (калциум, калиум, магнезиум, фосфор, хлор, натриум, сулфур, бакар, силициум, железо, манган и др.), витамини (витамин Ц, витамин Е, витамин А, витамин Б1, витамин Б2, витамин Б6, провитамин А-бета-каротен), ензими, органски киселини, амино-киселини, пектин и други состојки кои ги даваат извонредните својства на јаболковиот оцет.

Јаболковиот оцет се употребува за:

- намалување и одржување на телесната тежина преку редуцирање на вишокот на маснотии во организмот,
- разградба на целулитни наслаги,
- редуцирање на штетниот холестерол,
- правилен метаболизам и подобро варење на храната во дигестивниот тракт,
- прочистување на организмот и отстранување на вишокот на течности,
- регулирање на крвниот притисок,
- ги ублажува болките при артритис и ревматските заболувања.

Листот од коприва има диуретски ефект. Се употребува при воспаленија на мочните патишта и спречува создавање на камен во бубрезите. Копривата е богата со минерали (особено железо), а поволно делува на функцијата на црниот дроб, жолчката и слезината.
Секојдневната употреба на капсулите претставува природен начин за постепено елиминирање на токсините и маснотиите од организмот.

Се земаат 1-2 капсули со чаша вода, претпладне.
Во текот на употребата на капсулите се препорачува да се пијат повеќе течности, особено чај од коприва.

 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ