Мапа на страната:

ЈАКАВЕН / JAKAVEN

Категорија на производи: ЛЕКОВИ БЕЗ РЕЦЕПТ (ОТС)
Во екстрактот од семето на дивиот костен најзастапен е есцинот кој го зајакнува тонусот на ѕидовите на вените и на тој начин го подобрува венскиот крвоток.

ПАКУВАЊЕ крем
ДЕЈСТВИЕ За вени
Екстрактот од семето на дивиот костен содржи низа активни материи, како што се кисели сапонини (есцин), флавоноиди и флавоноидни гликозиди, кумарини, пурини, Б витамини, витамин Ц, витамин К1, провитамин Д и др. Во екстрактот од семето на дивиот костен најзастапен е есцинот кој го зајакнува тонусот на ѕидовите на вените и на тој начин го подобрува венскиот крвоток. Исто така, ЈАКАВЕН кремот ја намалува пропустливоста на капиларите, ја зголемува нивната отпорност и го спречува настанувањето на отоците.  Ефектот на таквото дејство е забрзан крвоток, кој е корисен кај многу состојби кои се карактеризираат со забавен венски крвоток, особено во долните екстремитети, и воспаленија.
 
ЈАКАВЕН кремот се препорачува за ублажување на симптомите што се последица од нарушување на периферниот крвоток, на варикозни вени и воспаленија. Кремот може да се употребува кај отоци на нозете при долготрајно стоење или бременост, како и за побрза ресорпција на хематомите што се појавиле како последица на удар или по инфузии и инекции.
Кремот ЈАКАВЕН се нанесува во тенок слој, без втривање, на повредените или болните места повеќе пати на ден.
 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ