Мапа на страната:

ВИТАМИН Б6 / VITAMIN B6

Категорија на производи: ЛЕКОВИ БЕЗ РЕЦЕПТ (ОТС)

Витамин Б6 е витамин од групата Б витамини, растворлив во вода.

ГЕНЕРИКА Pyridoxine
ПАКУВАЊЕ таблети од 20 mg
ДЕЈСТВИЕ Витамини
Витамин Б6 е витамин од групата Б витамини, растворлив во вода. Тој може да се најде во повеќе прехрамбени продукти, како што се пченицата, гравот, компирот, говедското месо, црниот дроб.
Витамин Б6 е неопходен за нормално функционирање на централниот и периферниот нервен систем, кожата и другите ткива.

Се употребува за профилакса и третман на недостиг на витамин Б6 предизвикан од болест, неадекватна исхрана или од примена на одредени лекови, или пак зголемена потреба од витамин Б6:
- Повраќање за време на бременост, радијациска болест, полинеурити кај алкохоличари;
- Терапија со изониазид, хидралазин, циклосерин и пенициламин;
- Пореметување на метаболизмот кај жени кои употребуваат контрацептиви со естрогени;
- Предменструален синдром;
- Хипохромна микроцитна анемија, проследена со зголемена концентрација на железо во серумот;
- Пореметувања на метаболизмот на аминокиселините (цистинурија).

Недостиг на витамин Б6:
20-50 mg (1-2½ таблети), до 3 пати на ден

Невропатија предизвикана со изониазид:
профилакса: 10 mg (1/2 таблета) еднаш дневно;
терапија: 3 пати/ден по 50 mg (2½ таблети)

Хипохромна микроцитна анемија:
100-400 mg/ден (5-20 таблети), поделено во неколку дози

Пременструален синдром:
50-100 mg/ден (2½-5 таблети), поделено во неколку дози

Повраќање при бременост и радијациска болест:
20-100 mg/ден (1-5 таблети)

Пореметување во метаболизмот на аминокиселини:
100-400 mg/ден (5-20 таблети) во тек на 3 недели, како и 30 mg/ден  (1½ таблета) доживотно

Не се препорачуваат дневни дози на витамин Б6 поголеми од 500 mg во подолг временски период.

Ако имате впечаток дека ефектот на лекот е премногу силен или премногу слаб, посоветувајте се со Вашиот доктор или фармацевт.

Ако сте земале/употребиле поголема доза од лекот  отколку што треба (предозирање):
Ако сте земале/употребиле поголема доза од лекот отколку што треба веднаш треба да се посоветувате со Вашиот доктор или фармацевт.

При предозирање со витамин Б6, односно употреба на многу високи дози (2 g или повеќе дневно) можна е појава на невротоксични ефекти (чувство на трнење, зголемена чувствителност, болки во коските, слабост на мускулите).

Ако сте заборавиле да го земете лекот:
Земете ја пропуштената доза колку што е можно побрзо.
Ако е речиси дојдено времето за земање на следната доза, почекајте  додека да дојде времето за истата и земете ја, а прескокнете ја
пропуштената доза.
Немојте да земате две дози во исто време.

 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ