Мапа на страната:

ХЕПАРИН 30 000 / HEPARIN 30 000

Категорија на производи: ЛЕКОВИ БЕЗ РЕЦЕПТ (ОТС)
ХЕПАРИН е крем за локална употреба. Тој ја спречува коагулацијата на крвта.

ГЕНЕРИКА Heparin+alantoin+D-panthenol
ПАКУВАЊЕ крем
ДЕЈСТВИЕ За вени
ХЕПАРИН е крем за локална употреба. Тој содржи: хепарин, декспантенол и алантоин.
Хепаринот ја спречува коагулацијата на крвта. Комбинацијата со декспантенол и алантоин овозможува поголема апсорпција на хепаринот.
Се употребува за:
-заболување на вените: тромбофлебитис, флеботромбоза, постфлебитичен синдром, варикозни вени, ulcus cruris, едеми кои се последица на стаза во венскиот систем;
-хематоми и отоци при дисторзии, луксации, фрактури и контузии кои настануваат при акцидентални или спортски повреди;
-тендовагинитис, бурзитис, епидокондилитис;
-забрзување на заздравувањето на постоперативни рани и третман на лузни.
ХЕПАРИН крем се нанесува само на неоштетена кожа и тоа во тенок слој.
ХЕПАРИН кремот се нанесува на кожата над заболеното место. Се истиснува од тубата околу 5 cm крем и се нанесува со триење, 2-3 пати на ден. Доколку се нанесува на кожата на нозете, најдобро е тоа да се врши од долу нагоре.
При флеботромбози и тромбофлебитиси, ХЕПАРИН се нанесува во слој со дебелина од 1-2 mm, без триење. Може да се стави и оклузивен завој.
Кај пациенти со варикозни улцерации, ХЕПАРИН  се нанесува во вид на широк прстен.

Ако имате впечаток дека ефектот на лекот е премногу силен или премногу слаб, посоветувајте се со Вашиот доктор или фармацевт.
 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ