Мапа на страната:

ПОВИДОН-ЈОД / POVIDON-JOD

Категорија на производи: ЛЕКОВИ БЕЗ РЕЦЕПТ (ОТС)

ПОВИДОН-ЈОД е антисептик и дезинфициенс.

ГЕНЕРИКА Povidone iodine
ПАКУВАЊЕ 1% раствор за промивање уста, 10% раствор за кожа
ДЕЈСТВИЕ За дезинфекција

ПОВИДОН-ЈОД е антисептик и дезинфициенс. Во контакт со кожата и слузокожата од комплексот повидон-јод постепено се ослободува активен јод, кој делува брзо и микробицидно. Осетливи се бактерии, вируси, габи, протозои. Делува и спороцидно на голем број спори на бактерии, вируси и габи.

Препаратите ПОВИДОН-ЈОД се употребуваат за:

1 % раствор за промивање уста
Профилакса и терапија на инфекции во букофарингеалната шуплина, предизвикани од бактерии, вируси и габи, гингивитис, стоматитис, афти, површински инфицирани или херпетички улцерации.
Профилакса на инфекции при хируршки зафати на забите и вилиците.
Отстранување на непријатна миризба од устата.

10 % раствор за кожа
Подготовка (дезинфекција) на кожата за хируршки интервенции инјекции и аспирации.
Дезинфекција на рани (спречување на инфекции при изгореници).
Лекување на инфицирани хируршки инцизии, инфицирани трауматски лезии, брз третман на лацерации и абразии, инфицирани декубитални улцерации, пиодермија и секундарно инфицирани дерматози, втор и трет степен на изгореници.

Строго придржувајте се кон упатствата на докторот. Дозите не смеете да ги менувате или лекувањето да го прекинувате без да се посоветувате со доктор.

1% раствор за промивање уста
За профилакса и третман на инфекции, устата се испира со гаргарење со една мала лажица (5 ml) 1% раствор најмалку 30 секунди, 3 - 4 пати на ден.
За одржување хигиена на устата се испира со една мала лажица (5 ml) 1% раствор во тек на 30 секунди еднаш на ден.
Растворот е ефикасен и кога ќе се разреди со вода ( неколку пати ),а најмногу до однос 1 дел раствор на 10 делови вода.
 
10 % раствор за кожа
ПОВИДОН-ЈОД растворот се применува неразреден со премачкување на заболеното место толку пати колку што е потребно. После тоа, се остава  2-3 минути да се исуши. Лекувањето треба да трае се додека инфекцијата или ризикот од инфекција постои. Доколку дојде до појава на рецидивирачка инфекција после прекинувањето на терапијата со растворот, терапијата може повторно да се започне.

На местото на примена се создава обоен филм кој останува се додека не се ослободи целото количество активен јод, кога и престанува дејството. Бојата на кожата и ткаенината лесно се отстранува со вода.

Ако имате впечаток дека ефектот на ПОВИДОН-ЈОД е премногу силен или премногу слаб, посоветувајте се со Вашиот доктор или фармацевт.
 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ