Мапа на страната:

ПАНТЕНОЛ / PANTHENOL

Категорија на производи: ЛЕКОВИ БЕЗ РЕЦЕПТ (ОТС)

Пантенол припаѓа во групата на Б витамини.

ГЕНЕРИКА Calcium pantothrnstr
ПАКУВАЊЕ таблети за шмукање од 120 mg
ДЕЈСТВИЕ За настинка

Пантенол припаѓа во групата на Б витамини, кој е широко распростанет во продукти од растително и животинско потекло.
Тој во организмот оксидира во пантотенска киселина која е составен дел на коензим А, фактор неопходен во многу интермедиерни процеси во метаболизмот на масти, јаглени хидрати и протеини. Има големо значење за одржување на нормалната функција на епителот.
Пантенолот во облик на таблети за шмукање се употребува при намален внес на пантенол со исхраната.
Недостатокот на пантенол се манифестира со гастроинтестинални тегоби, мускулни грчеви, депресија, периферен невритис, хипогликемија, катарални воспаленија на слузницата во устата и јазикот, алопеција.
Пантенол таблетите за шмукање се употребуваат и кај алкохолизам поради дефицитот кој се јавува при таа состојба.

Земајте 3-6 пати на ден по една таблета за шмукање.

Таблетите за шмукање не треба да ги голтате, туку полека да се растопуваат во устата.
Пациентите со дијабет, може да ги употребуваат таблетите за шмукање заради тоа што во својот состав имаат вештачки засладувач.

Ако имате впечаток дека ефектот на лекот е премногу силен или премногу слаб, посоветувајте се со Вашиот доктор или фармацевт.
 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ