Мапа на страната:

ЛАМОКС / LAMOX

Категорија на производи: ЛЕКОВИ БЕЗ РЕЦЕПТ (ОТС)

Амброксолот е активен метаболит на бромхексинот.

ГЕНЕРИКА Ambroxol
ПАКУВАЊЕ Сируп
ДЕЈСТВИЕ За настинка

Амброксолот е активен метаболит на бромхексинот. По своето дејство е муколитик кој го регулира патолошки променетиот состав на секретот во респираторниот тракт и го стимулира мукоцилијарниот транспортен систем. Амброксолот позитивно делува на алвеоларниот сурфактантен систем. Го разводенува вискозниот секрет, го засилува и олеснува искашлувањето на насобраниот секрет и го смирува кашлањето.
Оптималните ефекти се постигнуваат после третиот ден од третманот.

Амброксолот брзо и речиси комплетно се ресорбира по орално давање на лекот. Метаболитите, кои се воглавно коњугати и биолошки неактивни, се излачуваат во жолчката и подлежат на ентрохепатична рециркулација. Најголем дел од амброксолот се елиминира преку бубрезите во облик на метаболити.

Се користи за третман на:
Сите заболувања на респираторниот тракт проследени со обилен и вискозен секрет: акутен и хроничен бронхитис, бронхијална астма, астматичен бронхитис, бронхиектазии и пнеумокониози.

Возрасни и деца над 12 години, 3 пати по 10 ml дневно, а подоцна 3 пати по 5 ml
Деца до 2 години: 2 пати по 2,5 ml дневно
Деца од 2-5 години: 3 пати по 2,5 ml дневно
Деца над 5 години: 2-3 пати по 5 ml дневно
Лекот се зема за време на оброк.
Ламокс сирупот содржи синтетски засладувач и заради тоа можат да го користат и болни со дијабетес.
 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ