Мапа на страната:

ЕДИЛ / EDIL

Категорија на производи: ЛЕКОВИ БЕЗ РЕЦЕПТ (ОТС)

Се употребува за третман на:
- акутна кивавица кај настинка,
- воспаление на параназалните синуси и Евстахиевата туба,
- кивавица од алергиска етиологија (поленова и др.)

ГЕНЕРИКА Oxymetazoline HCL
ПАКУВАЊЕ капки за нос, раствор 0,025 %, и 0,05 %
ДЕЈСТВИЕ За настинка

Активната компонента на препаратот ЕДИЛ е оксиметазолин. Тој припаѓа на групата имидазолони кои се назални деконгестиви. По локална употреба, оксиметазолинот предизвикува стеснување на артериолите и капиларите на носната слузница со што се намалува секрецијата од носот и отокот на носната слузница и се олеснува дишењето низ нос.

Се употребува за третман на:
- акутна кивавица кај настинка,
- воспаление на параназалните синуси и Евстахиевата туба,
- кивавица од алергиска етиологија (поленова и др.)

Возрасни и деца од училишна возраст:
1-2 капки ЕДИЛ 0,05% се капнуваат во секоја ноздрва, два до три пати на ден.

Деца од 1 до 7 години:
1-2 капки ЕДИЛ 0,025% се капнуваат во секоја ноздрва, два до три пати на ден.

За самолекување препаратот може да се употребува само во пропишаните дози, не подолго од 3 дена. Доколку состојбата не се промени, потребна е консултација со лекар.

Ако имате впечаток дека ефектот на лекот е премногу силен или премногу слаб, посоветувајте се со Вашиот лекар или фармацевт.
 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ