Мапа на страната:

БУБИЛ / BUBIL

Категорија на производи: ЛЕКОВИ БЕЗ РЕЦЕПТ (ОТС)

БУБИЛ се употребува за вошливост на главата и пубичната регија.

ГЕНЕРИКА Pyrethrin
ПАКУВАЊЕ шампон
ДЕЈСТВИЕ За вошки

Активната компонента на БУБИЛ шампонот е пиретрин екстракт. Тој спаѓа во групата на ектопаразитици, лекови кои се токсични кон артроподите Pediculus capitis и Pediculus corporis, а најверојатно и кон нивните гниди.

Се употребува за:
вошливост на главата и пубичната регија (Pediculosis capitis et pubis).

Вошливост на главата: Кај поголеми деца и возрасни, на косата се нанесува една половина од содржината на шишето (2 големи лажици), а кај помали деца една голема лажица од шампонот. Се остава 5-10 минути, потоа добро се мие со топла вода. Косата се брише и суши со сува, неупотребувана крпа.Потоа се чешла со густ чешел со што се отстрануваат мртвите гниди и вошки.
Постапката се повторува и следниот ден. Ако има уште гниди и вошки, третманот со шампонот може да се повтори после 7-10 дена.
Начинот на употреба е ист и при вошливост на пубичната регија.
Задолжително треба да се спроведе лекување на двата партнера, со оглед на начинот на ширење и пренесување на вошливоста.
 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ