Мапа на страната:

БИЛАКС® / BILAX®

Категорија на производи: ЛЕКОВИ БЕЗ РЕЦЕПТ (ОТС)

Бисакодилот е стимулирачки лаксатив од групата на дифенилметани.

ГЕНЕРИКА Bisacodyl
ПАКУВАЊЕ обложени таблети од 5 mg и од 10 mg
ДЕЈСТВИЕ За запек

Бисакодилот е стимулирачки лаксатив од групата на дифенилметани. Неговото дејство воглавно се остварува во дебелото црево.
Се употребува за акутна опстипација (атонична, спастична, опстипација заради хемороиди или нагла промена на исхраната, постоперативна опстипација) и хронична опстипација (хабитуална, опстипација заради долготрајна неактивност), празнење на цревата пред операција и рендгенски испитувања на дигестивниот тракт.

Вообичаена орална доза за возрасни и деца постари од 12 години е 5 - 15 mg (1-3 обложени таблети) дневно, навечер, или 10 mg (1 супозиторија) ректално, наутро. Максимална орална доза за возрасни е 30 mg дневно.
Деца постари од 3 години земаат орално 5 - 10 mg или 0,3 mg/kg (1-2 обложени таблети) дневно, навечер. За деца од 2-11 години,вообичаена ректална доза е 5-10 mg.

За празнење на цревата пред хируршки интервенции, рендгенолошки или други испитувања, возрасни и деца постари од 12 години треба да земаат орално по 10 mg (2 обложени таблети) навечер или 10 mg (1 супозиторија) ректално наутро, 2 часа пред инервенцијата.

Доколку е потребо потполно празнење на колонот за изведување на посебни хируршки интервенции, бисакодил се аплицира орално во доза од 30 mg.

Деца помали од 12 години треба да земаат орално 5 mg (1 обложена таблета) навечер пред испитувањето.
Комбинирана терапија на обложени таблети и супозитории може да се употреби наместо клистирање, како припрема во радиологијата, хирургијата, педијатријата и ректоскопијата.Се дава навечер 1 супозиторија и 2-3 обожени таблети бисакодил и 1 супозиторија наутро, 2 часа пред интервенцијата.

 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ