Мапа на страната:

АНТИГРИП / ANTIGRIP

Категорија на производи: ЛЕКОВИ БЕЗ РЕЦЕПТ (ОТС)

Активни супстанци во АНТИГРИП филм-обложените таблети се парацетамол и псеудоефедрин.

ГЕНЕРИКА Paracetamol + pseudoefedrin
ПАКУВАЊЕ филм-обложени таблети
ДЕЈСТВИЕ За настинка

Активни супстанци во АНТИГРИП филм-обложените таблети се парацетамол и псеудоефедрин.
Парацетамолот припаѓа во групата на неопијатни аналгетици / антипиретици. Тоја ја намалува зголемената телесна температура и болката.
Псеудоефедринот е назален деконгестив кој педизвикува стегање на крвните садови и го смалува отокот на носната слузница, со што се зголемува проодноста на носните патишта.

Се користи за третман на:
- симптоми при настинка, грип и разни инфекции како: кашлање, секреција  
  од носот и оток на носната слузница,
- лесни до умерени болки (главоболка, болки во мускулите и во зглобовите),
- зголемена телесна температура.

Возрасни и деца поголеми од 12 години: по 1 до 2 филм-обложени таблети најмногу до 3 пати на ден.

Интервалите на земање на лекот не смеат да бидат покуси од 4 часа.

 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ