Мапа на страната:

ЕКАЛИН / ECALIN

Категорија на производи: ЛЕКОВИ СО РЕЦЕПТ

Еконазолот е имидазолски дериват со јако фунгицидно дејство.

ГЕНЕРИКА Econazole nitrate
ПАКУВАЊЕ крем, спреј-раствор за кожа, вагитории
ДЕЈСТВИЕ За габични инфекции

Еконазолот е имидазолски дериват со јако фунгицидно дејство.
За локална примена се користи во облик на еконазол нитрат.
Еконазолот, применет локално, се покажал како многу делотворен против цела низа на дерматомикози и вагинална кандидијаза. Успешен
е во терапијата на дерматофитози (Trichophyton spp., Epidermophyton spp., Microsporum spp.) и инфекции предизвикани од Candida spp. и
други квасци, актиномицети, мувли (Pityrosporum orbiculare,
Pityrosporum ovale), у други габи, Corynebacterium minutissimus, како и од некои Грам-позитивни бактерии. Тој не делува на Грам-негативни бактерии.
Екалин-от е наменет само за локална терапија на кожа и интравагинална употреба.  
Се употребува за третман на:
Дерматомикози на необрастена кожа на која било локализација, онихии и паронихии предизвикани од кандида, питиријазис верзиколор, еритразма. Вагиториите се наменети за третман на вулвовагинални микози, флуор и колпитис предизвикани од габички. Заради бактерицидното дејство е индициран кај габични инфекции компликувани со суперинфекција од Грам-позитивни бактерии.

Крем
Два пати дневно кремот се нанесува во тенок слој на болното место и лесно се втрива со прстите. Лекувањето треба да трае до потполно исчезнување на промените.
Спреј-раствор за кожа
Пред да се употреби, спрејот треба добро да се протресе. Два пати дневно треба да се испрска лезијата. По прскањето лесно и рамномерно се втрива до потполна ресорпција на лекот.
Вагитории
За време на три последователни дена, пред спиење да се аплицира по една вагиторија длабоко вагинално. По потреба терапијата може да продолжи веднаш, со уште три вагитории во текот на следните три дена или по пауза од 10 дена.

 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ