Мапа на страната:

ДИАЗЕПАМ / DIAZEPAM

Категорија на производи: ЛЕКОВИ СО РЕЦЕПТ

Диазепам е лек од групата на бензодиазепини.

ГЕНЕРИКА Diazepam
ПАКУВАЊЕ таблети од 2 mg, 5 mg и 10 mg, супозитории од 5 mg и од 10 mg
ДЕЈСТВИЕ Пореметување во однесување

ДИАЗЕПАМ (диазепам) е лек од групата на бензодиазепини. Тој има изразено смирувачко дејство кај состојби следени со страв, немир, напнатост, несоница, како и кај мускулни грчеви, апстиненцијален синдром при алкохолизам, невротски растројства и органски психосиндром.

 

Дозирањето на диазепам е индивидуално во однос на состојбата на болниот и клиничката слика на болеста.

Возрасни: Вообичаена доза за возрасни е 2-5 mg, 2-3 пати дневно. Анксиозност, невротски реакции: 2-10 mg, 2-3 пати дневно. Несоница: 4-10 mg диазепам навечер пред спиење. Апстиненцијален синдром при алкохолизам: 5-10 mg, 3-4 пати (дневно) првите 24 часа, а потоа 5 mg 3 пати дневно. Конвулзии, мускулни грчеви: 2-10 mg, 2-3 пати дневно

Деца: Вообичаена доза за деца постари од 6 месеци е 0.1 до 0.3 mg/kg/t.t на ден.

Постари пациенти: 2 mg диазепам 1 до 2 пати дневно.

Терапијата со диазепам треба да се прекинува постепено.

 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ