Мапа на страната:

АМОРОН ® / AMORON ®

Категорија на производи: ЛЕКОВИ СО РЕЦЕПТ

Индапамид спаѓа во групата на антихипертензиви / диуретици и го регулира покачениот крвен притисок.

ГЕНЕРИКА Indapamide
ПАКУВАЊЕ обложени таблети од 2,5 mg
ДЕЈСТВИЕ Лекови за притисок и срце

Индапамид спаѓа во групата на антихипертензиви / диуретици и го регулира покачениот крвен притисок со двоен механизам на дејство кој вклучува: ширење на крвните садови, и зголемено мокрење.
Индапамидот се користи кај благо и умерено покачување на крвниот притисок (сам или во комбинација со други антихипертензивни лекови).

Се зема една обложена таблета (2,5 mg indapamid) дневно, наутро. Ако терапискиот одговор е незадоволителен после 1-3 месеци, дозата може да се покачи на две таблети (5 mg indapamid) дневно.

Ако индапамидот се комбинира со други антихипертензивни лекови, вообичаената доза на другиот лек можеби е потребно да се намали почетно за 50 %, а последователните корекции на терапијата треба да се базираат врз одговорот на крвниот притисок на применетата терапија.

АМОРОН може да се зема пред или после јадење.

АМОРОН обложените таблети не смеете да ги џвакате.

Најдобар ефект за вашиот крвен притисок ќе постигнете ако ја земате таблетата секој ден во исто време. Земањето во исто време ќе ви помогне да не заборавите да земете таблета.

 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ