Мапа на страната:

ДИКЛОФЕНАК форте / DIKLOFENAK forte

Категорија на производи: ЛЕКОВИ СО РЕЦЕПТ

Диклофенак спаѓа во групата на нестероидни антиинфламаторни и антиревматски лекови (НСАИЛ) и покажува силно антиинфламаторно, аналгетско, антипиретско и антиревматско дејство.

ГЕНЕРИКА Diclofenac sodium
ПАКУВАЊЕ филм-обложени таблети од 50 mg
ДЕЈСТВИЕ За болка

Диклофенак спаѓа во групата на нестероидни антиинфламаторни и антиревматски лекови (НСАИЛ) и покажува силно антиинфламаторно, аналгетско, антипиретско и антиревматско дејство.

Аналгетичкиот ефект се постигнува со помали дози, а антиинфламаторниот ефект со повисоки дози.
Антипиретичкото дејство е последица на ефект врз центарот за терморегулација во хипоталамус.

Се употребува за:

- дегенеративни и воспалителни заболувања на зглобовите (ревматоиден артритис, јувенилен хроничен артритис, остеоартритис, анкилозирачки спондилитис);
- вонзглобен ревматизам (периартритис, бурзитис, миозитис, тендинитис, синовитис);
- болки од спортски повреди и дисменореа, уринарни и билијарни колики, забоболка, постоперативни болки и болки од други причини.

Вообичаена дневна доза е 50-150 mg, поделена во 2-3 дози

(1 Диклофенак форте таблета 2-3 пати на ден или 1 Диклофенак ретард таблета дневно).

За одржување на ефектот обично се доволни 100 mg на ден и тоа 2 пати дневно по 50 mg (1 Диклофенак форте таблета или еднаш дневно една Диклофенак ретард таблета од 100 mg).

При послабо изразени болки и кај деца над 14 години вообичаена доза е од 50-100 mg дневно(1-2 Диклофенак форте таблети).

За деца дозата е 2-3 mg/kg дневно (орално или ректално), поделена во 2-3 поединечни дози.

Во облик на супозитории се дозира 2-3 пати по 1 супозиторија од 50 mg или по 1 супозиторија од 100 mg навечер.

Диклофенак гел се аплицира на кожата и тоа така што се истиснаваат од тубата 5-10 cm и нежно се премачкува болното место, 3-4 пати на ден. После нанесувањето на лекот треба веднаш да се измијат рацете со вода.Терапијата не треба да трае подолго од 2 недели.


 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ