Мапа на страната:

АМИНОФИЛИН РЕТАРД / AMINOFILIN RETARD

Категорија на производи: ЛЕКОВИ СО РЕЦЕПТ

Аминофилин е комплекс на теофилин со етилендиамин. Тој е бронходилататор од групата на метилксантини.

ГЕНЕРИКА Aminoffilin
ПАКУВАЊЕ таблети со продолжено ослободување од 350 mg
ДЕЈСТВИЕ Проблеми со дишни патишта

Аминофилин е комплекс на теофилин со етилендиамин. Тој е бронходилататор од групата на метилксантини. Носител на фармакодинамското дејство во аминофилинот е теофилин.
Теофилинот ја релаксира мазната мускулатура на дишните патишта, со што се намалува бронхоспазмот.

Се употребува за:

- профилакса и терапија на напади на бронхиална астма,
- терапија на реверзибилен бронхоспазам кај пациенти со хроничен бронхитис, емфизем, бронхоопструкција поради физички напор и други опструктивни заболувања.

 

Режимот на дозирање на аминофилин треба да се прилагоди индивидуално во зависност од големината на серумските или плазматските концентрации на теофилин, посебно при долготрајна терапија со лекот. Тераписки концентрации се од 10-20 mcg/ml во серум.
Аминофилин треба да се дава перорално во доза од 100-300 mg (1-3 таблети)три до четири пати на ден. Треба да се започне со пониска доза на лекот и таа постепено да се зголемува во интервали од 3 дена.
Почетната доза на аминофилин во форма на таблети со продолжено ослободување кај деца со тежина поголема од 35 kg и кај возрасни е половина таблета од 350 mg, два пати на ден. Дозата може да се зголемува во интервали од 3 дена до доза  со која се постигнува оптимален тераписки одговор. Кај најголем број на пациенти е доволна доза од 1 таблета со продолжено ослободување на секои 12 часа, а максималната дневна доза е 2 таблети со продолжено ослободување на секои 12 часа.

Дозирање кај пациенти со инсуфициенција на црниот дроб и бубрезите:
Кај пациенти со инсуфициенција на црниот дроб, се препорачува често одредување на серумските концентрации на теофилин и ако е потребно намалување на дозата која се применува.
Не е потребно посебно прилагодување на дозата на аминофилин кај возрасни и деца постари од 3 месеци кои имаат оштетена функција на бубрезите.

 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ