Мапа на страната:

АТЕНОЛОЛ / ATENOLOL

Категорија на производи: ЛЕКОВИ СО РЕЦЕПТ

Индапамид спаѓа во групата на антихипертензиви / диуретици и го регулира покачениот крвен притисок.

ГЕНЕРИКА Atenolol
ПАКУВАЊЕ 50 mg и 100 mg таблети
ДЕЈСТВИЕ Лекови за притисок и срце


Активната супстанција во Атенолол е атенолол. Атенололот е кардиоселективен бета-блокатор. Атенолол се користи за:
- лекување висок крвен притисок (хипертензија);
- лекување нарушувања на срцевиот ритам (аритмија);
- спречување појава на градна болка (ангина);
- заштита на срцето, како рана терапија по срцев удар (миокарден инфаркт).

 

Вашиот доктор ќе Ви објасни колку точно Атенолол треба да земете, колку често и колку долго да го земате лекот. Важно е да се придржувате на дозата што ја одредил докторот. Не земајте на своја рака повеќе таблети или почесто од препорачаното.
Атенолол таблетите се земаат наутро, пред јадење, со вода. Дневната доза се приспособува индивидуално и според индикацијата за која се употребува лекот.

Возрасни

За лекување висок крвен притисок (хипертензија): 25-50 mg на почетокот, може да се зголеми до 100 mg на ден по 7-14 дена.
За лекување градна болка (ангина): 50 mg на почетокот, може да се зголеми до 100 mg на ден по 7 дена.
За лекување неправилна работа на срцето (аритмии): 50 mg до 100 mg еднаш дневно.
Рана терапија по срцев удар (миокарден инфаркт): 50 mg до 100 mg еднаш дневно.

Постари пациенти
За постарите пациенти може да биде потребна помала доза, особено ако имаат проблеми со бубрезите.

Деца

Не се препорачува употреба на Атенолол кај деца.

Пациенти со нарушена бубрежна функција

Известете го Вашиот доктор доколку имате бубрежно заболување, бидејќи може да биде неопходно приспособување на дозата.

 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ