Мапа на страната:

АЦИКЛОВИР / ACIKLOVIR

Категорија на производи: ЛЕКОВИ СО РЕЦЕПТ

Ацикловирот е антивирусен лек, аналог на гванин.

ГЕНЕРИКА Aciclovir
ПАКУВАЊЕ таблети од 200 mg
ДЕЈСТВИЕ Антивирусни

Ацикловирот е антивирусен лек, аналог на гванин. Тој се користи за третман и профилакса на вирусни инфекции. Неговата ефикасност е најголема кај Herpes simplex (тип I и II), нешто послаба кај varicella zoster вирус (херпес зостер и варичела) и Herpesvirus simiae, а слаба кај Epstein Barr и cytomegalovirus.
Ацикловирот се користи кај сите типови на инфекции предизвикани од Herpes simplex: herpes keratitis, herpes labialis и herpes genitalis.

 

Строго придржувајте се кон упатствата на докторот. Дозите не смеете да ги менувате или лекувањето да го прекинувате без да се посоветувате со доктор.
Таблетата треба да ја испиете цела, со чаша вода.
Возрасни:
За третман на инфекции предизвикани од Herpes simplex вообичаена доза е 200 mg (1 таблета)  5 пати дневно, во тек на 5 дена. Кај пациенти со сериозно ослабен имунитет, дозата е 200 - 400 mg (1-2 таблети) 5 пати дневно, во тек на 5 дена.
За превенција на повторни инфекции предизвикани од Herpes simplex, ацикловирот се употребува во доза од 200 mg(1 таблета) 4 пати дневно или 400 mg(2 таблети) 2 пати дневно, постепено намалувјќи ја дозата на 200 mg 2-3 пати дневно. Оваа терапија за профилакса се спроведува секои 6-12 месеци.  

За третман на инфекции предизвикани од varicella zoster вирус вообичаена доза е 800 mg(4 таблети) 5 пати дневно, во тек на 7дена.
Дозирање кај оштетена бубрежна функција:
Кај пациенти со оштетена функција на бубрезите дозата треба да се редуцира. Кај пациенти со клиренс на креатининот помал од 10 ml/min треба да се даваат дози од 200 mg (1 таблета)секои 12 часа за третман на инфекции со Herpes simplex; 800 mg(4 таблети) секои 12 часа за третман на инфекции со varicella zoster.
Кај пациенти со клиренс на креатининот помеѓу 10 - 25 ml/min треба да се даваат дози од 800 mg(4 таблети) 3 пати дневно за третман на инфекции со varicella zoster.
Деца:
За третман на инфекции предизвикани од Herpes simplex и профилакса кај деца со ослабен имунитет на возраст од 2 години и постари се даваат дозите како кај возрасни. Децата помали од 2 години примаат половина доза од онаа за возрасните.
За третман на инфекции предизвикани од varicella zoster се даваат 20 mg/kg, максимум до 800 mg(4 таблети) 4 пати дневно, во тек на 5 дена.

 
ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРОИЗВОДОТ